Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека нема да ја почитува наредбата на израелската војска за евакуација од Рафа, на југот на Појасот Газа.
Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА, рече дека агенцијата не ја евакуирала областа и оти не планира да го стори тоа. Таа рече дека во градот има илјадници вработени.
– УНРВА нема да учествува во каква било присилна евакуација на жителите во Рафа или каде било во Газа.
Ние сме решени да останеме и да испорачаме хуманитарна помош, рече Тума и повика на прекин на огнот. Односите меѓу Израел и УНРВА долго време беа затегнати и влошени за време на седуммесечната војна.
Израел ја обвини агенцијата за соработка со терористичката организација Хамас и повика на нејзино затворање.
УНРВА, најголемата меѓународна агенција која обезбедува помош и услуги за Газа, ги отфрли обвинувањата.
Израелската војска денеска им нареди на десетици илјади луѓе во Рафа да се евакуираат, сигнализирајќи дека долго најавуваната копнена инвазија на градот најверојатно ќе почне наскоро.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари