Македонија
16. November 2022 - 16:42

Афера паразити: Земал ли Жерновски по 1000 евра месечно за неизградениот клинички?

Година и половина екс градоначалникот на Центар Андреј Жерновски земал по 1000 евра месечно како дел од групата која треба да го проектира новиот клинички центар кој нема да се гради, обвини опозицијата во продолжението на аферата паразити

Новиот клинички центар беше проектиран да се гради на местото на постоечкиот уште во 2016 година. Кога СДСМ ја презема власта констатираше дека овој проект не е добар, го раскина договорот на претходниците и најави дека ќе гради клинички центар, прво во Бардовци, после во Ѓорче Петров, па на уште три други локации. До денеска изградбата не е почната а дополнително, фирмата која требаше да гради бара Македонија да и плати 8 ипол милиони евра пенали поради откажаниот договор.

Жерновски денеска не беше достапен за коментар за да објасни за каков ангажман бил плаќан по 1000 евра месечно. Од почетокот на неделава, ВМРО-ДПМНЕ објави дека директорите во државни фирми месечно земаат и по 6.000 евра плата. Премиерот најави нов закон за плати но директорите на Навигација кои заедно не чинат 10.000 евра месечно за плати ја преживеаја вчерашната владина седница.