Македонија
7. April 2021 - 16:41

Афера ,,Мафија‘‘: Кој саботирал, а кој ловел криминалци?

Само 4 месеци откако го добил лажниот македонски пасош, црногорскиот атентатор Стефан Ѓукиќ е уапсен од украинската полиција откако во Киев среде бел ден се обидел да изврши атентат врз Радоје Звицер, предводник на криминален црногорски клан. Ова се снимки направени од украинските безбедносни камери во моментот кога украинската полиција ставила крај на неговиот атентаторски поход. Џукиќ, макеоднскиот фласификуван пасош на име Каче Герги го добил во јануари лани, откако два месеци претходно, во ноември 2019 во Бар го ликвидирал предводникот на т.н. барски клан Јован Клисиќ и ранил уште едно лице. 

Опозицијата прашува, како е можно МВР да води истрага од 2019, а во 2020 година пасоши да добиваат најголемите балкански криминалци.

Опозицијата денеска објави дека меѓу 215-те фалсификувани пасоши бил и оној на албанскиот наркобос Флоријан Мусај по кого трагала цела Европа откако неговиот клан бил фатен со 91 килограм кокаин.

Од владејчката СДСМ и денеска ја обвинуваат опозицијата дека ја саботирала акцијата

Полицијата вчера приведе 9 полициски службеници, а трага по уште едно лице за вмешаност во аферата Мафија. Министерот Спасовски рече дека станува збор за акција на која полицијата работела од февруари 2019 година и ја обвини опозицијата за нејзино попречување.