АФД исклучи член што го критикуваше Холокаустот
Раководството на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) на денешниот состанок донесе одлука за исклулување од партиските редови на покраинскиот лидер во Туринген, Бјерн Хеке, поради неговото критикување на постоењето на меморијалниот споменик на жртвите на Холокаустот во Берлин и поради барањето германската историја да биде повторно напишана со акцент на загинатите Германци.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, АФД, која е формирана во 2013 година и има пратеници во 10 од 16 покраински парламенти, се очекува да биде трета најсилна партија по сојузните избори, што ќе се одржат на 24 септември.
При исклучувањето на Хеке од партијата некои членови на партиското раковдство изјавија дека неговите изјави ќе ги намалат шансите за успех на следните избори и затоа тој мора да си замине.
Хеке во изјава за германските медиуми вели дека жали за одлуката на партијата, бидејќи, според него, тој не ги прекршил правилата врз основа на која функционира АФД.
Финалната одлука за исклучувањето на Хеке од партијата ќе треба да донесе партиската арбитража во Туринген, која ќе треба да ја прифати или одбие одлуката на раководството.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието