Аеросолизација против аерозагадување во Куманово
Општина Куманово попладнево почна со постапка на аеросолизација во централното градско подрачје, мерка која се презема за намалување на аерозагадувањето.
– Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Куманово и дава резултати во намалување на загадувањето на воздухот, напиша на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Во текот на денот, екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ насадија нов дрворед со платани на улицата „Гоце Делчев“ и ги обновија постоечките на „Народна Револуција“ и „Бајрам Шабани“. Наредните денови ќе се насадат 250 листопадни садници, платани, јасен, жална врба, 200 зимзелени садници и 300 украсни грмушки на повеќе локации во градот.
Вчера во Куманово аерозагадувањето беше алармантно, мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот покажаа дека концентрациите на ПМ10 честичките се неколку пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”