-->
-->
Аеродром: Општината гради тие растураат
-->
Општината Аеродром деновиве забрзано работи на изградба на пешачки патеки во Реонски центар и зазеленување на празните површини , но се чини залудно. Зошто ?
Затоа што несовесните возачи на комбиња кои носат роба во Суперкаркетот Рамстор не бираат место каде ќе се паркираат и оваа инвестиција за доброто на граѓаните веднаш се уништува.
Иако неколку пати граѓаните апелираат дека надлежните од Рамстор треба да направат ред сепак „калабалакот“ е присутен секојдневно, а да не зборуваме за општествената одговорност на овој реномиран Супермаркет кој треба и самиот да допринесува за оддржување на животната средина.
Апелираме до општината Аеродром да постави на овој дел знак за забрането паркирање и запирање за да се стави ред или воопшто да не ги троши парите непотребно кога нивото на еколошката и граѓанската свест е на минимално ниво...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција