Македонија
26. September 2022 - 16:38

Аеродром нема намера да ги затвори училиштата, МОН бара начин да се обезбедат пари за општините

Министерството за образование нема прецизен одговор дали училиштата ќе останат постојано отворени за време на школската година. Велат дека остануваат на ставот дека наставата со физичко присуство е најдобро за учениците, но како што велат од образование. Сепак, ќе се следи состојбата и во меѓувреме ќе ги разгледуваат сите иницијативи и за било какви нови одлуки, ќе ја информираат јавноста.

Потсетуваат дека училиштата и општините имаат обврска да се придржуваат до препораките и мерките за штедење на електрична енергија.

Во меѓувреме, локалните власти бараат од владата да не дозволи затворање на училиштата заради енергетската криза. Дел велат, ако владата не ги обезбеди потребните пари за струја и греење, сами ќе ги покријат трошоците со цел да не сопре наставата со физичко присуство.

Против затворање на училиштата заради енергетската криза е и општина Гази Баба. Градоначланикот Стефковски тврди дека онлајн наставата нема задоволителни резултати, па ги повика Владата и Министерството за образование да ги зголеми блок-дотациите за да се покријат зголемените трошоци на училиштата поради повисоката цена на струјата.