Адвокатот Страшевски од предметот „ТНТ“ на годишен одмор
Основниот кривичен суд Скопје информира дека адвокатот Јовица Страшевски од Скопје вчера до судот доставил допис дека од 8 до 17-ти овој месец ќе биде на годишен одмор. Со ова, како што велат од судот, се прават обиди за одолговлекување на главната расправа закажана за 13 јануари годинава.
-Заради интерес на медиумите за предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и постојаните опструкции на поединци – странки во постапката, во целост го објавуваме последниот допис кој вчера кон крајот на работното време беше доставен до судот. За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13 – ти јануари 2020 година, судот ќе ја извести Адвокатската комора и Судскиот совет на РМ, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Страшевски е адвокат на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски во случајот „ТНТ“. Одбраната на обвиниетите во „ТНТ“ изминатиот период укажуваше на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Лилјана Ивановска Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 и оти според Законот за кривична постапка, доколку дојде до каква било промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток. Сепак, постапката продолжи и беа одржани неколку рочишта и по 24 декември, а судечкиот совет, укажуваше на фактот дека не е во нивна надлежност да одлучуваат за престанок на мандат на судија поротник и оти тоа е прашање на Судскиот совет.
Ново на Сител
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава