Македонија
21. April 2024 - 16:30

АДКОМ бара бесплатен пристап за ЈКП-ЈА до ортофото снимките од 2023-та

Работата на едно модерно и софистицирано јавно комунално претпријатие не може да се замисли без секојдневно прибирање, складирање и користење на дигиталните податоци. Потребен е обучен стручен кадар кој континуирано ќе работи и ќе ја надополнува базата на податоци.

- Самиот процес на внес на податоци е многу спор и треба константно да се внесуваат податоците. Значи, никогаш не можеме да го комплетираме Гео Информативниот Систем (ГИС) бидејќи е жива материја која постојано се надополнува. „Тесно грло“ се и мапите кои ни се потребни и кои ги користиме како подлоги во овој систем, непристапност до нив, конкретно за ортофото снимките

За процесот да добие на динамика, потребно е АДКОМ, како претставник на јавните комунални претпријатија, да игра важна улога во креирањето на политиките на национално ниво, кои се однесуваат на водниот сектор, за што веќе се преземени конкретни чекори.

- Донесена е одлука за покренување иницијатива за измена на Законот за Национална инфрструктура на просторни податоци (НИПП), со цел АДКОМ да стане дел од субјектите на НИПП. Исто така, донесовме одлука за иницијатива, да им се овозможи на јавните комунални претпријатија бесплатен пристап до дигиталните ортофото модели од снимањето во 2023-та година

Во служба на водоводите, АДКОМ ја реактивира платформата МАКБИС, која има за цел собирање и анализа на соодветни податоци од секојдневното работење на претпријатијата.

- Ќе овозможат и споредување или бенчмаркинг помеѓу различни претпријатија од сличен обем кои што ќе можат да помогнат и на носителите на политиките и на самите претпријатија во однос на планирањето на идните мерки и активности за подобрувањето на давањето на водните услуги, изјави Јане Вртески, АДКОМ - експерт за комунални дејности

Од друга страна, податоците ќе бидат јавно достапни и за академската фела и бизнис секторот, односно, ќе креираат додадена вредност за сите чинители на општествениот развој.