-->
-->
Адетокунбо: Можев да одам во супер тим, но го избрав потешкиот пат до титулата
-->
Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокунбо, ги искажа своите впечатоци по освојување на својата прва титула во кариерата.
-Можев да одам во супер тим и да станам шампион само со тоа што ќе се појавам во тимот. Но, јас го избрав потешкиот пат до титулата. Ова е патот по кој сите поминавме заедно. И ние го сторивме тоа, им рече Јанис на новинарите по триумфот над Феникс (105:98) рано утрово во шестиот дуел од финалната серија (4-2 во победи).
Исто така во својот говор, МВП на финалето во 2021 година им се заблагодари на Бакс за довербата.
Клубот од Висконсин го избра Јанис како 15. пик на драфтот во 2013 година и веднаш му даде шанса на тогашниот млад кошаркар од грчката Втора лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори