-->
-->
Адеми: ЕП ќе го паметам по македонските навивачи и неверојатната атмосфера, многу ќе ни недостасува Пандев
-->
Фудбалерот од средниот ред, Аријан Адеми, по враќањето во Хрватска го коментираше Европското првенство на кое дебитираше Македонија.
„Јас сум горд што со Македонија играв на европското првенство. се чувствувам среќен за настапот, но жал ми е што не направивме чекор повеќе. неискуството нè чинеше многу, не се снајдовме најдобро, а ни недостигаше и среќа. најдобро ќе го паметам мечот со австрија. по атмосферата на навивачите кои ни беа „ветер во грб“ во текот на целиот турнир. секако, ќе го паметам ова првенство и по простувањето на Горан Пандев од националниот дрес. тој даде многу за македонија, па затоа му направивме „шпалир“ со Холандија, рече адеми.
Неговото заминување беше емотивно, не само кај мене, туку кај сите во репрезентацијата и фановите. Пандев е легенда на Македонија. Сигурен сум дека ќе ни недостига во квалификациите за Светското Првенство. Пандев беше наш капитен, лидер, но пред сè голем човек“, изјави Адеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти