-->
-->
Абе: Северна Кореја истрела четири балистички ракети
-->
Јапонија изрази „остар протест“ откако Северна Кореја денеска истрела четири балистички ракети во морето во близина на своето источно крајбрежје, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Тој истакна дека три од ракетите паднале во екслклузивната економската зона на Јапонија, што е 200 наутички милји од брегот..
- Тоа е сериозна закана за безбедноста на нашата земја и ние остро ги осудуваме таквите дејствија на Северна Кореја. Истрелувањето ракети е очевидно нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ова е крајно опасна ситуација, нагласи Абе.
Според него, „денешните ракетни истрелувања покажуваат целосно ново ниво на закана“. Абе додаде дека ќе свика вонредна седница на Советот за национална безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк