Абдуш Демири го помина комисискиот филтер за нов член на ДИК
Со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени за нов член на Државната изборна комисија. Предлогот за нов член на ДИК треба да се гласа на пленарна седница. За изборот на Демири за нов потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство на гласовите.
Во „трката“ за член на ДИК беше и кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, кој вчера се повлече поради неговото именување за директор на Агенцијата за странски инвестиции.
По именувањето на Кренар Лога за министер за правда едно место во ДИК остана испразнето. За член на Државната изборна комисија пријавени беа два кандидата - Абдуш Демири, поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени и Зулфи Адили подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја одржи и 44-та седница, на која треба да се расправа за Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули