Абазовиќ се надева дека победничките партии брзо ќе ја формираат новата црногорска Влада
Лидерот на граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, синоќа изјави дека Црна Гора нема веќе време за губење и дека се надева дека наскоро ќе се формира новата влада заради доброто на граѓаните.
Тој на својот профил на Твитер напиша дека е добро што црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вчера ги покани носителите на листите кои ги добија парламентарните избори на консултации за мандатар за состав на новата влада.
“Црна Гора е во тешка економска и здравствена криза и немаме време за губење. Се надевам дека наскоро ќе се формира владата за доброто на граѓаните”, напиша Абазовиќ.
Според подгоричкиот весник „Вијести“, Абазовиќ претходно вчера разговарал со лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, за формирање на новата влада.
Извор од „Вијести“ изјави дека тројцата лидери се обиделе да ги премостат различните ставови за тоа како треба да изгледа новата влада што нема да ја составува мандатор од Демократската партија на социјалистите.
Ново на Сител
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња