Абазовиќ: Одговорот од СНП го чекаме до недела
Мандатарот за состав на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ од движењето УРА, изјави дека очекува СНП до недела да одлучи дали ќе биде дел од новата влада.
Тој наведе дека граѓаните треба да ги почекаат изборите во Беране, Улцињ и уште 10 општини, а потоа да се види дали ДПС се враќа.
Тој изјави и дека во овој момент е изнуден концептот за малцинска влада.
– СНП нема ништо против концептот, туку им треба одлука од партиските органи. Ќе разговараме со пратениците на ПзП и Миодраг Лекиќ. Секој нека одлучи што е најдобро. Ние ќе ја водиме нашата политика автономно, изјави Абазовиќ за ТВ Вијести.
Тој вели дека СНП е важна во контекст на создавање мнозинство за деблокирање на процесот и создавање европско мнозинство.
– Очекуваме одлука за три дена. Не значи дека вратите им се затворени ако не го направат тоа, повтори Абазовиќ.
Абазовиќ рече дека новата влада најверојатно ќе има од 16 до 18 ресори, а негова идеја е да формира министерство за европски прашања. Тој рече и дека бројот на ресорите зависи од бројот на субјекти кои ќе ја формираат новата влада.
– Црна Гора мора да оди напред, заклучи тој.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба