Абас: Палестинците и натаму инсистираат на решение со две држави
Палестинскиот претседател Махмуд Абас инсистира на запирање на ширењето на израелската доселеничка активност на окупираните територии и изјави дека е посветен на решението со две држави, откако американскиот претседател Доналд Трамп спомена дека може да прифати алтернативни начини на уредување на израелско-палестинскиот конфликт, пренесоа британските медиуми.
„Палестинското раководство ја подвлекува својата посветеност на решението со две држави и на меѓународното право и меѓународната легитимност на начин што ќе обезбеди запирање на израелската окупација и создавање на палестинска држава со главен град Источен Ерусалим“, соопшти канцеларијата на Абас.
Палестинскиот претседател изјави дека се согласува со повикот на Трамп кон Израел за воздржување од доселеничка активност на окупираниот Западен брег и во Источен Ерусалим.
„Претседателството сака (Израел) да се согласи (со повикот на Трамп) и тој на меѓународната заедница за запирање на сите доселенички активности, вклучувајќи го окупираниот Источен Ерусалим“, соопшти канцеларијата на Абас.
Во соопштението се посочува дека Палестинците ја потврдуваат својата „подготвеност да работат со Владата на Трамп за постигнување на мирот “.
Ново на Сител
-
ЕК: Македонија треба да донесе закон за здравје на животните согласно новото европско законодавство
-
Извештај на ЕК: Политизацијата во јавниот сектор дополнително ја поткопува довербата во работата на администрацијата
-
Три лица претепани вчеравечер пред ноќен клуб во Скопје
-
Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
-
29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор
-
Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони
-
Митровденска задушница - спомен за починатите
-
Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови