-->
-->
АБА: Почестите за Лабовиќ од К.Соколи
-->
Екипата на Карпош Соколи оствари значајна победа овој викенд против ФМП а добрата игра на српскиот крилен играч Драган Лабовиќ му го донесе признанието МВП на 21. коло на АБА лигата.
Лабовиќ одличната игра против ФМП ја заокружи со 21 поен, осум скока, шест украдени топки и две асистенции за 32 минути на теренот и оствари индекс 30. Поголем индекс имаше Октавиуис Елис од Морнар (33), но неговиот тим загуби од Цедевита и тој затоа не е МВП на колото.
Покрај тоа што е најкорисен, Лабовиќ е играч со најголем број поени и украдени топки ова коло во АБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа