Кошарка
2. October 2017 - 13:00

АБА: Победа на Звезда, Антиќ на клупата

 
Бранителот на трофејот во АБА лигата белградска  Црвена звезда со победа ја започна одбраната на титулата во АБА лигата. Тимот кој регионалната кошаркарска лига ја освојува во последните три сезони, во првото коло го победи Морнар со 88:77.
 
Целосно реновираниот тим на актуелниот АБА шампион, со новиот тренер Душaн Алимпијевиќ,  го реши прашањето на победникот во првото полувреме кога стекна 17 поени предност.
 
Матијас Лесор со 22, односно Тејлор Рочести со 17 поени, 7 асистенции и 4 скока беа креатори на првата сезонска победа на Црвена звезда.
 
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ победата на својот тим ја гледаше од клупата на резерви