-->
-->
АБА: Морнар убедлив во дуелот со Цибона
-->
Со одигрувањето на дуелот меѓу Морнар и Цибона беше комплетирано 15.коло од АБА лигата. На последниот натпревар одигран синоќа Морнар оствари убедлива победа над Цибона со 92:57. На вториот дуел одигран вчера во „словенечкото дерби“ Олимпија ја совлада Крка со 68:63 како гостин.
Другите дуели од оваа рунда беа одиграно порано: Игокеа – Карпош Соколи 79:71, Партизан – МЗТ Скопје 91:76, Мега – ФМП 76:72, Цедевита – Црвена Звезда 91:95 и Задар – Будуќност 78:76.
Табела: Црвена Звезда 30 бодови, Партизан 27, Цедевита 25, Будуќност 25, Цибона 25, Игокеа 23, Олимпија 22, Задар 21, Морнар 20, Мега 20, Крка 20, ФМП 19, Карпош Соколи 19, МЗТ Скопје Аеродром 19.
Следното коло се игра на 30.декември, како и на 2 и 3.јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти