-->
-->
АБА лига: Втора победа за МЗТ Скопје Аеродром
-->
Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа и втората победа во АБА лигата откако попладнево во рамките на 5.коло ја победија Игокеа со 75:70 (27:13; 21:16; 13:16; 14:25).
Избраниците на тренерот Алеш Пипан до триумфотѕ стигнаа благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 48:29, додека во вториот дел повторно ривалот беше поуспешен, но Игокеа на успеа да направи пресврт како што тоа во претходните две кола го направија Партизан и Мега Лекс.
Кај МЗТ Скопје Дреновац со 14 поени беше најефикасен, но „дабл-дабл“ учинок имаше Љубичиќ со 10 поени и 10 асистенции. Радивојевиќ од Игокеа беше најефикасен со 20 поени.
Од 5.коло од АБА лигата вечерва се игра последниот дуел Партизан – Сутјеска. Следниот натпревар МЗТ Скопје го игра на 18.октомври во недела против екипата на Сутјеска во Никшиќ.
фото: www.abaliga.com
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски