-->
-->
АБА избори место во Евролигата
-->
УЛЕБ ја доби битката со ФИБА за Евролигата бидејќи најголемите европски клубови ќе играат под капата на УЛЕБ. Францускиот Лекип објави како ќе се формира лигата.
Имињата на 12 учесници веќе се познати, а преостанатите четири ќе бидат победниците од Еврокупот, германската Бундеслига, балтичката ВТБ и јадранската АБА лига.
Покрај 11-те клубови кои имаат 10-годишен договор, специјална „покана“ поради спонзорските договори со големите турски фирми доби и Дарушафака.
Десетогодишни договори потпишаа Анадолу Ефес, Фенербахче, Реал Мадрид, Барселона, Лаборал Куча, Олимпијакос, Панатинаикос, ЦСКА Москва, Армани Милано, Макаби Тел Авив и Жалгирис.
Така, покрај Шпанците, и Турците ќе имаат три претставници. Да потсетиме, во АБА лигата оваа сезона во полуфиналните мечеви од плеј-оф серијата ќе се сретнат Будуќност-Мега Лекс и Црвена Звезда-Цедевита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар