АБА-2: МЗТ со важна гостинска победа кај Сплит
Македонскиот кошаркарски тим МЗТ Скопје оствари победа на гостувањето кај Сплит со 76-78 (39-46) во меч од 17-тото коло од АБА-2 лигата. З
За тимот од Аеродром ова беше 12-та победа сезонава со што го задржа второто место на табелата и е чекор поблизу до Ф4-турнирот.
Екипата на Ѓорѓи Кочов одигра слаба прва четвртина, по која губеше со 7 разлика (29-22), но во вториот дел тргна шутот за три поени, а на одмор се замина со водство на „металците“ од 39-46.
Третата четвртина заврши со иста предност за нашиот тим (52-59) а во последниот дел домаќините направија пресврт и поведоа со 72-68 на 4 минути до крајот, но Симоновски и Иванов со тројки ја вратија предноста.
При резултат 76-78 за тимот од Скопје, Калајџиќ промаши шут за израмнување и победата замина кај тимот од Аеродром.
Во следното коло од регионалната лига, македонскиот тим ќе биде домаќин на Вршац на 30 јануари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра