Македонија
28. September 2021 - 18:24

АА: Собранието итно да свика седница за продолжување на пописот за 10 дена

Веќе се доближува крајот на пописот, а на наша адреса се пристигнати многу жалби од страна на граѓаните кои што се жалат дека во нивните домови не е пристигнат ниту еден од попишувачите за да ги попише. Ова е скандал, бидејќи законот обврзува да се посети секое домаќинство и да се попише секој граѓанин.

За жал, ваквите мрачни сценарија кои што ние како албанска опозиција ги најавивме дека ќе се случат, стануваат реалност и сето тоа заблагодарувајќи му на постојаниот вазал во владата на Македонија, а тоа е ДУИ.

Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста.  Сега го одложија пописот со цел за да манипулираат со процесот и тоа можеби на секого му оди во корист, но, само на Албанците не.

Јасно е дека ние бевме единствените што се спротивставивме на одложувањето на овој процес и сега произлегува дека сме имале потполно право. Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат.

Неважни се видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат  по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите.

Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот.

Ги повикуваме граѓаните да ја искористат секоја можност за да се попишат, исто така и пријавувајќи се во центрите што ги одредил заводот за статистика, иако беше должност да се посети секое домаќинство за да се изврши пописот на населението.

Останати се уште само два дена до завршувањето на процесот на пописот и за жал уште продолжуваат проблемите на терен.  На јавноста и текнува на нашите примедби кои што ги изнесувавме пред донесувањето на законот, дека заводот за статистика нема капацитет за да менаџира со еден релевантен процес. Имавме доволно аргументи.  Ви текнува дека од страна на мнозинската поддршка се обија сите наши амандмани што беа поврзани со овој закон.

Исто така, јавноста многу добро знае дека ние бевме единствените што се спротивставивме на одложувањето на овој процес и сега произлегува дека сме имале потполно право. Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат.

Ние знаеме дека од првиот ден пописот се одвиваше со потешкотии.

Вторио, третиот и четвртиот ден воопшто не функсионираа. Одговорот беше дека има проблем со системот или серверот, без разлика дека на седми септември директорот изјави дека сè се одвива во ред.

Примавме информации од терен дека често попишувачите чекаа пред куќите по 2-3 часа за да се рестартува системот и за да можат да ги попишат семејствата или домаќинствата.

Попишувачите на терен исто така изјавуваа дека примале наредби да ги затворат компјутерите и да не пробуваат да попишуваат со образложение дека работат на решавањето на проблемот со поправка на системот. Некои особи кои што се разбираат со функционирањето на системот, кажуваат дека системот нема капацитет да да попише повеќе од 700-900 домаќинства во исто време, а ние знаеме дека ангажирани беа  5 000 попишувачи.

И, главен проблем во последните денови, како што имаме информации, е дека во многу домаќинства немаат ниту отидено попишувачите за да ја завршат нивната задача.  Уште два дена завршува пописот и ние сеуште имаме голем број на домаќинства што не се попишани.

Имаше повик/покана домаќинствата да отидат сами во општинските канцеларии, но, ова е смешно, неозбилно и покажува дека овој процес комплетно е неуспешен.

Но, што ќе се случи со тие домаќинства што немаа можност да ја добијат оваа информација!?

Значи, ве предупредуваме сите дека овој процес не се одвиваше и не се одвива за да се гарантира реализација на примарната цел на процесот на попишување.  Имаше и продолжува да има многу пропусти.  Ви текнува како не беше прифатен нашиот предлог со амандманот за да се има уште 10 додатни денови за да може во вакви проблематични ситуации  да се одложи пописот со цел да се исполни законската одредба за попишување на целото население.

Но, категорично беше одбиен и сега кога е евидентен фактот дека многу семејства ќе останат непопишани, се поставува прашањето-Кој ќе биде одговорен за нивното непопишување? Кој ќе ја сноси одговорноста за овој неуспех? Бидејќи тие имаат законска одговорност  ако не се попишат.

Не е доволен медиумски шоу на лидерите на ДУИ и останатите во власта.

 

Алијанса за Албанците