АА и Алтернатива: Да се ослободат граѓаните од плаќање патарини на автопатот Тетово-Гостивар
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива бара од Владата итно да ги ослободи граѓаните од патарините на таканаречениот автопат Тетово-Гостивар.
Овој пат не ги исполнува основните стандарди на автопатот, нема алтернативни патишта, нема доволно ленти, а да не ја спомнувам безбедноста, за што сведочи и големиот број несреќи заради лошиот квалитет на патот и животните кои постојано влегуваат на пат. Од овие причини нема основа за плаќање за користење на овој пат. Затоа бараме да се отстрани данокот на патот до изградбата на нов автопат што веќе е неопходност.
Доколку во рок од една недела, Владата не донесе одлука, тогаш нашата пратеничка група ќе му предложи на Собранието закон за укинување на данокот за патот Тетово – Гостивар. Ако сегашната влада има тенденција да го игнорира ова барање што доаѓа од граѓаните, тогаш ве известуваме дека на секоја улица во земјата ќе се соочите со нив. Во исто време, ги покануваме граѓаните да го кренат својот глас, да го поддржат ова нивно барање, кое ние само го официјализираме преку институциите.
Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива
Ново на Сител
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години