98-годишна жена, преживеана од Холокаустот, стана хит на Тик-Ток
Лили Еберт, преживеана од Холокаустот, денес е популарна на Тик-ток. Нејзиниот профил го следат 1,7 милиони корисници, а видеата на кои речиси стогодишната жена зборува за тоа како преживеала четири месеци минати во Аушвиц имаат милиони допаѓања.
Нејзиниот 18-годишен правнук Дов Форман ѝ помага околу објавите. Сè започнало 2020 година, за време на карантините…
– И кажав на мојата прабаба дека други стануваат хит на интернет поради танцувањето, на пр., па зошто ние да не можеме со споделувањето на овие навистина важни пораки, рече Форман, цитиран од Си-би-ес.
Лили вели дека би сакала светот да ја знае нејзината приказна. – Не бев сигурна дали ќе преживеам. Чудо е што сум овде, но си ветив себеси дека колку и да живеам и што и да правам, ќе ја раскажам мојата приказна, вели таа.
Лили и Форман, исто така, ја напишаа книгата „Lily’s Promise: How I Survived Aushwitz and Found Strength for Life“, со предговор на принцот Чарлс, пренесува „Индекс“.
Еберт имала 20 години кога ја одвеле во Аушвиц. Била ослободена од американските трупи во 1945 година. Потоа минала една година во Швајцарија, па 1946 се преселила во Израел. Во 1967, таа емигрирала во Обединетото Кралство со нејзиниот сопруг Самуел, каде што ги раскажувала ужасите на Холокаустот. Денес живее во северен Лондон, мајка е на три деца, баба на 10 внуци, а има и дури 35 правнуци.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико