Македонија
27. September 2021 - 14:04

84-годишен пациент со корона избегал од модуларната болница во Штип

84-годишен пациент кој имал корона, вчера попладне избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници.

– На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата, велат од МВР.