Бизнис
25. April 2016 - 19:38

7800 бизниси отворени преку грантовите за самовработување

Со грантовите за самовработување отворени се над 7800 бизниси и близу 8000 работни места откако се доделуваат. Најновиот оглас од една од најпопуларните мерки за поттикнување на вработувањата истекува за пет дена заради што властите ги повикаа на учество заинтересираните кандидати.

– Оваа мерка им помогна на невработените да го оставарат својот сон, да се самовработат, да формираат сопствен бизнис, да заработуваат за себе, своето семејство, меѓутоа и да отворат нови работни места. Ова е одлична можност за финансика поддршка за неповратни средства за сите оние кои што имаат одредени размислувања, некогаш во животот размислувале да отворат сопствен бизнис, рече Диме Спасов, заменик министерот за труд и социјална политика.

Избраните бизнис идеи државата ги поддржува со неповратни средства од 200 до 350 илјади денари во опрема и репроматеријали. Една такков бизнис е стоматолошка ординација чиј сопственик потоа искористил и други мерки во оваа сфера, како што е вработување на млади до 29 години.

– Ги повикувам сите кои што се заинтересирани да се пријават на конкурсот кој што е во тек, изјави Емица Младеновска Спасиќ, корисник на грант за самовработуавње, сосптвеник на стоматолошка ординација.

На вториот оглас годинава ќе се финансира отварањето на уште 420 бизниси. Селекцијата и одобрувањето на средствата треба да финишира најдоцна до октомври.