Loading Video...
Свет
24. September 2022 - 16:37

72 проценти од Американците не сакаат Бајден пак да се кандидира на изборите во 2024

72 проценти од Американците не сакаат Бајден пак да се кандидира на изборите во 2024, покажуваат најновите анкети.  Овој процент е повисок кај републиканците, дури 88 насто се против неговата кандидатура, Но  и голем дел од демократите 49 проценти сакаат на следните избори, за две години, да имаат друг кандидат.

Сепак дури 45 проценти од американските граѓани сметаат дека тој  добро си ја врши работата, а аналозите на анкетата  сугерираат дека неговата  79 годишна возраст има врска со скептицизмот на гласачите кои не веруваат дека тој со 82 години ке биде способен да ја води Америка. Самиот Бајден се уште не се изјаснил дали ке се кандидира за втор мандат. Анкетите покажуваат дека 44 проценти на галасчите сакаат Трамп повтороно да влезе во изборна трка, додека 55 насто се против.