Македонија
5. April 2020 - 16:42

72 нови случаи, двајца починати, тројца оздравени

Кој повеќе заболува од корона – мажите или жените? Која возрасна група е најризична? Колку тестови се направени? Каде најбрзо се шири КОВИД -19? Еве ја македонската статистика за корона вирусот според Институтот за Јавно здравје. Досега за КОВИД 19 тестирани се 5.291 лице и тоа со молекуларни тестови со кои се утврдува присуството на вирусот. Тестовите покажале дека корона имале  555 лица. Од нив, 18 веќе починаа. Како излечени се водат 23 лица.

Болни има во дури 18 македонски градови. Според типот и брзината на ширење Дебар, Скопје, и Куманово се во фаза 4 односно со широко распространета трансмисија. Останатиот дел од државата е во фаза 3 односно локализиран пренос на вирусот.

Просечна на возраст на збоелните е 45 години. Најмалиот заболен е едногодишно дете кое денеска беше примено во инфективната клиника. Најстариот пациент пак, имаше 91 година, но тој за жал, ја изгуби битката со корона. Најмногу заболени, до 03 април, биле возрасните на 60 години.

Се уште речиси изедначено заболуваат и мажите и жените.

Најчести симптоми кај заболоените се кашалицата и восоката температура, а потоа следуваат слабост, главоболка и треска.

До 03 април 109 лица од оние со корона вирус биле со хоронични заболувања и тоа најмогу со кардиваскуларни болести или пак, со хорнична белодробна болест.

Околу 23 отсато од болните се лекуваат во болница, останатите се на домашно лекување.

Од болните со Ковд 19 дури 10 отсто се здравствени работници. Од нив, 37 се заболеле на работното место во болниците и амбулантите.

КОРОНА И ХРОНИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА

(109 од заболените се со хронична болест)

Кардиовасукларни болести – 79

Хорнична белодробна болест – 24

Дијабет – 5

Хронична бубрежна болест - 5

Други хронични боилести - 9

 

СИМПТОМИ:

КАШЛИЦА - 64,1 %

ТЕМПЕРАТУРА - 63,2 %

СЛАБОСТ - 33,6 %

ГЛАВОБОЛКА - 22,0 %

ТРЕСКА - 19,1 %

БОЛКА ВО ГРЛО - 17,1%

ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ - 16,4%

 

ВОЗРАСТ – мапа од сајтот

најмал заболен  - 1 година

најстар заболен - 91 година

најмногу заболени – над 60 години (20,9%)

 

МАПА  (БРЗИНА НА ШИРЕЊЕ ДО 03.04)

Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија)

Заболуваат 176,5  на 100.000 жители

Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија)

Заболуваат 35,8 на 100.000 жители

Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија)

Заболуваат 65,2  на 100.000 жители9

Останатиот дел од државата е во фаза 3 (локализирана трансмисија)

 

ПОЛ (ОД 483 СУЧАИ – СОСТОЈБА 3.04)

МАШКИ ПОЛ – 230

ЖЕНСКИ ПОЛ – 253

 

КАДЕ СЕ ЛЕКУВААТ БОЛНИТЕ ОД КОРОНА

ВО БОЛНИЦА - 23,7 %

ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ – 76,3 %