Македонија
25. January 2022 - 15:56

70-годишен охриѓанец во банка се обидел да пушти во оптек фалсификувани 50 евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.У. (70) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

- На 19.03.2020 пријавениот во банка се обидел да пушти во оптек лажна банкнота од 50 евра, за која со вештачење од Дирекцијата за трезорско работење при Народната банка било потврдено дека e фалсификат, информира МВР.