Македонија
13. February 2020 - 21:05

70 години прилепски театар, актерите работат во мизерни услови

Прилепскиот театар одбележува 70 години постоење. Но за жал иако во моментов е еден од најреномираните театарски ансамбли во Македонија со бројни домашни и меѓународни награди. 350 премиери, 7.000 изведени претстави кои ги гледале над 1,5 милион луѓе. Но за жал условите во кои денес се работи се можеби полоши и од тие кога за прв пат се кренала завесата за претставата „Кир Јања“ во 1950 година. Актерите се веќе скептици за празните ветувања на политичарите дека Прилеп ќе добие нов театар.

„ВМРО-ДПМНЕ стави во програмата, отворено кажувам, и во ноќта 5 до 12 кога го тргнаа од програма нашиот проект за изградба на театар, со изговор дека премногу е критикувана владата дека градат театри. Пред 2 ипол години исто не повикаа дека готово, камен темелникот, јас и тогаш изјавив и пак изјавувам дека јас нема да дочекам, јас имам уште 3 години до пензија. Така да јас немам верба, немам надеж, изгубено е се“, вели Стојан Дамчески, раководител на театарот.

За Општината донесувањето на новиот ДУП ја кочело изградата на теататрот. Инаку сегашната зграда е вистинска руина. Глувци шетаат на сите страни, умираат скриени по кошињата, кога врне често пати знае и да протече вода во голем дел од просториите. Дува од сите страни. И актерите се разочарани што немаат пристојни услови за работа. Но режисерот Ангеловски сепак си најде утеха.

„Ете така кога ќе пројдеш низ тие ходничињата, пред нешто што се вика гардероби, кога ќе помирисаш од оваа прашина што ја има насекаде, ама течело, фурало, во овој театар има многу атмосфера“, вели Коле Ангеловски, режисер.

„Единствено ми е жал што од кога сум во овој театар, театар нов се прави и ден денес ќе си заминам пензија и театарот сеуште нема да го дочекам тоа“, кажа Цветанка Чавлеска, актерка.

„Се надевам дека ќе дочекам нов театар и дека овој театар секогаш ќе остане во нашите спомени, но мислам време е да се тргне во еден нов правец, каде што и потребите на сцената ќе ни бидат задоволени“, додаде Јасмина Мицовска Станкоска, актерка.

Актерите бараат и конечно театарот да стане посебен правен субјект, а не да биде во состав на Центарот за култура.

„Го заслужуваме приматот на театар. Тоа што го носиме ние како уметници никој не може да ни го земе и ниту пак ќе не замолчи. Така да остануваме гласни“, истакна Даниела Иваноска, актерка.

За 7 децении постоење идната недела ќе се изведе премиера на претставата „Лажговци“ на Коле Ангеловски, ќе се прижат уште 5 други претстави, а актерите ќе изведат и музичко шоу со групата The Hounds.