Македонија
30. November 2020 - 16:38

69 деца и 399 вработени во градинките досега биле позитивни на Ковид, МТСП не гледа причина за затворање

Од петокот до денес потврдени се 28 нови случаи со Ковид – 19 на вработени и деца во градинките. Од министертсвото за труд и социјала информираат дека позитивните се од повеќе установи во различни градови во земјава. Со новоинфицираните од отворањето на детските установи од пред скоро 3 месеци до денес регистрирани се 65 деца и 399 вработени со коронавирус. Повеќето од нив оздравеле и се вратиле на работа

Информациите согласно епидемиолошките анализи кои се прават од страна на епидемиолозите,  покажуваат дека заразата од вирусот не настанува и не се шири  помеѓу вработените и децата, туку дека се работи за случаи поврзани со некој позитивен член од блиското семесјтво, со кои се во контакт, велат од МТСП.

Од министерството за труд и социјална политика тврдат дека стабилна е состојбата со Ковид-19 во градинките и засега не се планира затворање на установите кои згрижуваат деца на предшколска возраст.

Во меѓувреме 3 Центри за лица со попреченост се затворени поради позитивни вработени и штитеници, а во моментот нормално функционираат другите 30 вакви установи.