652 нови случаи на коронавирус во Италија
Во изминатите 24 часа во Италија починаа 130 пациенти со коронавирус, што е помалку од претходниот ден, објави Агенцијата за цивилна заштита.
Така, вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата на 21 февруари, достигна 32.616, што ја става Италија на третото место во светот, по САД и Велика Британија.
Бројот на заразени лица е зголемен за 652, така што вкупниот број е 228.658.
Сепак, статистичарите веруваат дека во Италија, како и во многу други земји, многу повеќе луѓе починале од вирусот отколку што покажуваат официјалните податоци, затоа што многу починати пациенти претходно не биле тестирани за ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Во моментов има нешто повеќе од 59.000 активни случаи, а 595 лица се на интензивна нега. Закрепнале 136.720 лица.
Италија, која има население од 60 милиони, досега тестирала 2,12 милиони граѓани.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто