6.5 милиони евра народни пари за 1.500 слот машини на Државната видео лотарија на Македонија
Државната видео лотарија на Македонија со народни пари ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра. Договорот е склучен со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија.
Контроверзноста на договорот се зголемува имајќи предвид дека е склучен на 2 јануари, само ден пред форирањето на техничката влада, кога е забрането да се склучуваат вакви договори.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање.
Во Собранието, повеќе од една година се одолговлекува Законот за игрите на среќа. Од Движењето против коцкање Антикоцкање се жалат дека кај народните избраници нема интерес за решавање на проблемот.
Велат дека со народните пари потрошени за нови апарати за коцкање уште повеќе ќе се омасови појавата со коцкањето и најавуваат масовни протести поради оваа одлука.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа