Македонија
16. September 2020 - 11:57

63 годишен маж починал откако се удрил со своето возило во брег покрај патот

Вчера во 11.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Кочани, во атар на с.Драмче, делчевско, кај место викано „В’ко“, товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(63) од општина Чешиново-Облешево, удрило во брег покрај патот. Возачот починал при транспорт кон Медицинскиот центар Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Делчево.