Македонија
7. March 2021 - 10:41

613 санкции за неносење маски во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 613 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.