57,5 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу Харис и Трамп
Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.
Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.
Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.
По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка. Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните.
Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.
Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска