-->
-->
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-->
Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид, случајот е пријавен вчера во 15.30 часот.
– Во ОВР Дебар е пријавено дека Е.С.(54), наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Димоски.
Ваков настан беше регистриран минатата година во подрачното училиште во село Броштица, кое функционира во рамки на ООУ “Мустафа Кемал Ататурк” Центар Жупа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани