Македонија
14. August 2022 - 19:34

50 семејства пријавиле штети од невремето во Кавадарци

Во Кавадарци живее 40 години, но неговото живеалиште никогаш не било поплавено како вчера. Куќата на Ангел Ѓоргиев е само една од 30-ината кои претрпеа последици од невремето кое го зафати градот.

Се се случи за десет минути, вели 66 годишниот Ѓоргиев, кој како и неговите соседи, на секој поголем дожд стравува од поплавени простории.

Старата атмосферска канализација и инфраструктура веќе подолго време предизвикува проблем, кој овие граѓани ги принудува да се снајдат како знаат и умеат

Се очекува ситуацијата во Кавадарци да се нормализира најдоцна за два дена, велат локалните власти. Штетата ќе ја проценува посебна комисија, која ќе биде формирана утре, информираат од општината.

На терен е и комуналната служба, од каде велат дека интензивно работат на санација на штетите и превентива од поплави во иднина.

Локалните власти упатуваат апел до жителите кои имаат проблеми настанати од невремето да се обратат до кол центарот на општината.

Истовремено ветуваат дека штетите ќе им бидат исплатени во најбрз рок, а проблемите со старата инфраструктура ќе ги нема до крајот на годинава.