Македонија
19. May 2023 - 19:24

48 годишен прилепчанец креирал лажен профил и на малолетничка ѝ испраќал експлицитни фотографии

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Б.(48) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

На 01.02.2022, пријавениот креирал лажен профил со женско име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук и на малолетничка ѝ испраќал фотографии со експлицитна содржина.