Македонија
14. April 2023 - 11:09

47 казни за автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, при што се констатирани 47 сообраќајни прекршоци.

Од МВР денеска информираа дека на вонреден технички преглед биле упатени осум возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.