Балкан
19. August 2016 - 13:35

40 дена непребол по малечката Анѓелина: За четириесет дена четириест ножеви во срце би му забила!

-Анѓелина, ангелу мој невин, дојдовме да ти запалиме свеќи на твојот гроб, да ги го осветлиме патот до куќата, душо моја мачена. Никому зло не сме направиме, никому не должиме, крвникот - сосед во куќата го примивме и му помагавме. За четириесет дена четириест ножеви во срце би му забила.

Вака тажеше на гробиштата во село Вратарница кај Зајечар Душанка Стефановиќ, баба на убиената четиригодишна Анѓела Стефановиќ.

Малечката Анѓела беше жртва на соседот Владица Рајковиќ (28) кој на 10. јули ја однесе од роденденската прослава во куќата на својот брат Перица, ја силуваше и брутално ја уби.

Би го задавил

-Да знаев што направил, со голи раце ќе го задавев. Сега ми е криво што не им дозволив н луѓето од потерата кои тргнаа да го бараат детето, да го линчуваат. Имаше среќа што мојата сестра повика полиција, па го спасија. Го видов подоцна во полиција на сослушување, беше безгрижен како ништо да не се случило, речиси потпевнуиваше, вели Далибор Стефановиќ, вујко на убиеното девојче.

-Подготвив слатки за да ги однесам на гробот на мојата медена пеперутка. Зошто секогаш кога ќе влезев во дворот ме пречекуваше нејзиниот весел глас. Мојата сопруга Душанка ми раскажа дека Анѓелина како да го претчувствувала својот крај па неодамна рекла: „Кога мене ќе ме нема мајка ми ќе плаче за мене“. Беше итро дете, но такво нешто да каже, е необјасниво вели Живорад, дедото на Анѓелина.

Уништена мајка

Мајката Данијела Стефановиќ, скршена од болка додека го подготвува поменот, нервозно ги брише солзите од лицето.

-Разговарам со неа на сон, и правам кики, ја гледам како си игра со децата, а кога ќе се обидам да ја фатам за рака, неа ја нема. Слушнав дека злосторникот неодамна побарал да разговара со не некој од нас. Да можам, очите ќе му ги ископам. Не треба да му судат, сама ќе му пресудам, вели мајката Данијела.

Владица Рајковиќ непосредно по злосторството кога полицијат го презела од разлутената толпа мештани, во наредниот половина час признал дека ја убил малечката Анѓела, зошто, наводно со своето плачење додека ја силувал го изнервирала, па ја задавил и и ја смачкал главата. Безумниот манијак утредента во полицијата го призна и убиството на Драгана Станковиќ (47), жената со која живеел.

На местото на злосторството поставен Анѓелин крст

Домашните и роднините на местото каде монстумот ја силуваше и уби Анѓела поставија обележје во вид на бел крст со идентификација. Во селото веќе се расчу дека местото ќе се вика Анѓелин крст.