Македонија
17. February 2023 - 9:07

37 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, четири упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (16.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата  констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатени четири возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.