Македонија
3. August 2021 - 14:37

37 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

· Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19:

· Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1.

· Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево - 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.

· Не се пријавени починати лица.

· Направени се 3.658 тестови преку: ИЈЗ-40, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-258, Биотек-84, Систина-81, лабораторија Лаор-479, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–80, Генеа–0, Никоб лаб-654, ВФВ Медикал-65, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.749.

Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627.