Македонија
3. May 2021 - 16:08

35-годишната охриѓанка убиена во објект кај „Андон Дуков“

35-годишната охриѓанка со иницијали М.М. која утринава беше пронајдена мртва во објект кај кампот „Андон Дуков“ најверојатно е убиена – дознава News1.mk од извори во истрагата.

Како што пренесува порталот, на безживотното тело на охриѓанката имало повреди на главата и крв и траги на насилство, а искршен бил и телевизорот.

Претходно, СВР Охрид соопшти дека на 3-ти мај 2021 година, во 08:20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината 35-годишната М.М. од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.