3,30 проценти излезноста до 9 часот
Според податоците на сајтот на Државната изборна комисија, излезноста на гласачките места до 9 часот е 3,30 проценти.
Гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на првата прес-конференција.
- Податоци за излезноста имаме само од 28 посто од избирачките места и ќе ги соопштиме на следниот прес во бројки, рече Даштевски.
Посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.
- Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму, вели Даштевски кој посочи дека вакво известување добиле сите општински изборни комисии.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата