Македонија
29. July 2021 - 12:14

32-годишник од кичевско го загуби животот откако со трактор излетал од патот

Во текот на вчерашниот ден од Итната медицинска помош во Кичево, во ОВР Кичево е добиено известување за повредено лице во атарот на село Вранештица, Кичевско и дека при пристигнување на екипа од Итната  медицинска помош, без знаци на живот затекнат е З.М.(32) од истото село.

– По наредба на Јавен обвинител  извршен е увид при што било констатирано  дека З.М.спуштајќи се по шумски пат со трактор натоварен со огревно дрво, загубил контрола врз тракторот и излетал од патот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.