Бизнис
20. September 2019 - 16:32

30 компании ќе добијат пари од ФИТР за комерцијализација на иновации

Фондот за иновации одлучи  кои 30 компании кои аплицираа за мерката комерцијализација на иновации ќе добијат пари. Фирмите се главно од областа на земјоделството, ИТ секторот.  Вкупниот буџет  изнесува 5 милиони евра. Но  првиот човек на фондот Деспотовски очекува со ребалансот  да добијат дополнителни средства за оваа мерка, односно да се зголеми на 12, 5 милиони евра, а бројот на компании кои би биле подржани да се прошири до  80. Овој пат за мерката комерцијализација на иновации имало рекорден број на апликации , 487 или два до три пати повеќе од лани.

За 137 компании кои аплицирале на повикот, Фондот оценил дека нивниот бизнис план е добар но повеќе одговара за мерката технолошки развој и тие ќе добјат препорака да аплицираат за тој повик кој ќе биде објавен следниот месец.

Од фондот посочуваат дека договорите со фирмите  за да ги добијат парите  наскоро ќе бидат потпишани, а исплатата се очекува целосно да  заврши до крајот на годинава.