Балкан
4. November 2022 - 11:41

30 дена притвор за трите медицински сестри кои ја тепаа старата жена во Косово

Основниот суд во Пеќ донесе одлука за трите медицински сестри кои ја тепаа старата жена во домот за стари лица во Косово.

Трите медицински сестри добиле притвор од по 30 дена и ќе го поминат во затворот Липјани, објави „Клан Косово“.

Снимките кои се појавија на интернет ја згрозија јавноста во регионот, а се шпекулира дека медицинските сестри би можеле да се соочат и со затворска казна