Свет
9. January 2020 - 16:35

3 нови експлозии одекнаа во Багдат - нови обвинувања на релација Вашингтон-Техеран

Ненадеен, технички проблем го го урнал украинскиот авион над Техеран, покажува прелиминарната истрага на иранските власти. Министерот за транспорт денеска ги отфрли шпекулациите дека има нешто сомнително во несреќата, во која загинаа 176 луѓе.

Екипажот на авионот воопшто не побарал помош од контролата на лет и се обидувал да се врати на аеродромот.

Аматерските снимки покажуваат дека непосредно по полетувањето од аеродромот во Техеран, од авионот избиле пламени јазици, а полниот резервоар предизвикал голема експлозија. Украинците се уште не исклучуваат дека причина за падот е тероризам или дека е соборен со проектил.

 Властите повикаа на нова масовна евакуација на жителите кои живеат во густо населеното подрачје во југоисточна Австралија, каде што огнената стихија им прети на голем број градови и домови. Според последните податоци, во пожарите кои ја зафатија земјата досега загинале 27 лица, а оганот зафатил површина голема колку Јужна Кореја.

Илјадници луѓе го изгубија домот, а еколозите велат  дека во пожарите загинале околу милијарда животни. Се проценува дека огнот ќе пламти се додека не падне поголема количина дожд. Метеоролозите прогнозираат дека тоа нема да се случи во наредните неколку месеци.

 По Брегзит, Британија се соочува со Мегзит, како што медиумите го нарекоа повлекувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган од кралските должности. Главната вест денеска во британските медиуми е проследена со информација дека кралицата Елизабета не знаела за одлуката на брачниот пар, а Кралското семејство е повредено и разочарано.

Финансиска независност, географска блискост за семејството. Во своето образложение, Хар и Меган изјавија дека ја донеле одлуката „по повеќемесечни размислувања и внатрешни дискусии“, продолжувајќи да ја почитуваат нивната должност кон кралицата.

Во кратка реакција, Бакингемската палата посочи дека ја разбира нивната желба за поинаков пристап, но дека ова се „комплицирани теми“.

И покрај одлуката, Хари останува шестиот по ред за наследување на тронот – зад принцот Чарлс, принцот Вилијам и неговите три деца.